Граѓаните кои поднеле апликации за вадење лични документи и истите треба да ги подигнат во петок – 13. ноември, кој поради акцијата „Ден на дрвото“ е прогласен за неработен ден, ќе можат таа услуга да ја добијат наредниот ден (сабота 14.11.2009г.), соопшти МВР.

Поради зголемениот интерес на граѓаните од МВР информираат дека е зголемен капацитетот на бесплаттниот телефонски број за закажување термин за вадење лични документи.

Ohridnews