Еден час, 43 минути и 36 секунди му беа потребни на вевчанецот Спасе Каланоски да го истрча атлетскиот маратон во Белград.
Тој со ова време го подобри својот личен рекорд и се пласираше на 293-то место од вкупно 3 168 натпреварувачи во машка конкуренција.
Условите во Белград ни малку не беа на страна од маратонците, но ниту тоа не го поколеба младиот вевчанец кој во иднина ќе атакува на високите места на маратоните ширум Балканот.
Каланоси со сите мисли е насочен кон полумаротонот во Скопје кој ќе се одржи на 8 мај.
OhridNews