Охридската атлетичарка Марија Јованоска добрата форма и подготвеност ја потврди на Балканското првенство кое викендов се одржа во Турција остварувајќи нов личен рекорд на 400 метри.
Младата и перспективна охриѓанка Јованоска на 400 метри истрча 1.01.00 и за речиси две секунди го подобри својот личен рекорд, кој изнесуваше 1.02.39. Овој успех Марија го најави со тројниот успех во Купот на Македонија, на кој победи на 100, 200 и на 400 метри.
Следен предизвик за Јованоска е Државното првенство за сениори-поединечно кое ќе се одржи во Охрид викендов кој доаѓа.
OhridNews