Охридските атлетичарки Марија Јованоска и Мартина Мироска имаа успешен настап на Балканското првенство за јуниори кое се одржа во Питешти, Романија.

Јованоска на 400 метри го поправи личниот рекорд (1.01.04) и заврши на 7-та позиција, додека на 200 метри истрча за (26.83) и се пласираше на 11-то место.

Мироска во дисциплината скок во далечина прескокна (5.84 метри), седум сантиметри послаб од личниот рекорд, но резултат кој ветува.

Двете млади и перспективни атлетичарки ќе продолжат со тренинзите и ќе се подготвуваат за следниот атлетски митинг кој ќе се одржи во Нови Пазар.

OhridNews