Од 31 јануари до 2 февруари во Нови Сад, Србија се одржа претстижното Интернационално првенство со воздушно оружје на 10 метри „Војводина Куп 2020“. На првенството учествуваа најдобрите стрелци Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Египет. Нашата држава ја претставуваа стрелците Ана Ивановска од Битола во дисципплината Air Rifle Women 60, Јована Милевска во дисциплината Air Rifle Women 60 junior и од мажите настапи Михаил Шишкоски во дисциплината Air Rifle Men 60.
Репрезентативците се претставија во најдобро светло остварувајќи висок пласман. Најдобрата јуниорка Милевска се пласираше на шестата позиција со свој нов личен рекорд од 614.9 кругови. Во севкупен пласман жени таа се пласира на 12-тата позиција од вкупно 31 натпреварувачка. Во нејзина категорија не се пукаше финале на кое таа би влегла како 6-то пласирана, а за влез во финалето на сениорките и беа потребни уште 3.1 кругови.
Во категорија на сениори, нашиот најдобар стрелец, Шишкоски се пласира на 12-тата позиција со резултат од 598.4 кругови, подобрувајќи го својот резултат од настапот во Белград за 10-тина кругови.
За две недели започнуваат и Куп натпреварите на МССФ, а Јована Милевска е пријавена и за учество на Европското Првенство што треба да се одржи од 23.02.-02.03.2020 година во Вроцлав, Полска.
OhridNews