Лицата позитивни на КОВИД-19 без здравствено осигурување, ќе се лекуваат на товар на Фондот, информираше вечерва премиерот Оливер Спасовски.

Владата, исто така вечерва, соопшти дека во рамки на 36-тата седница, денеска, е донесена Уредба со законска сила за примена на Законот за здравствено осигурување за време на вонредна состојба според која на осигурениците на кои им се ускратени правата од задолжителното здравствено осигурување поради нередовно уплатуван придонес или уплатата на придонесот задоцнила повеќе од 60 дена, односно имаат долг за неплатен придонес, можат во здравствените установи да користат здравствени услуги поврзани со дијагностицирање и лекување од коронавирусот КОВИД-19 на товар на средствата на Фондот за здравствено осигурување.

OhridNews