Поради постоење основи на сомнение за сторени шест казнени дела „кражба“ и „тешка кражба“, СВР Охрид подмесе кривична пријава против две лица од селото Требеништа, општина Дебрца.

  • Пријавените, казнените дела ги извршиле во периодот први ноември 2019 година до 20-ти јануари 2020 година на подрачјето на Охрид и селата Требеништа и Мешеишта. Користејќи подесен алат и физичка сила насилно влегувале во куќи и други помошни простории и одземале компјутер, агрегати, алати и други предмети, информираат од СВР Охрид.

На тој начин, лицата се стекнале со против правна имотна корист од околу 87.000 денари.

OhridNews