Во рамките на проектот Пратенички канцеларии, во тек е подготвување на канцеларијата на пратеничката од ЛП, Лилјана Лалческа, во Охрид.

Пратеничките канцеларии за соработка со граѓаните, ги овозможува Националниот демократски институт во соработка со Собранието на Р.М., локлната самоуправа и повеќе невладини организации.

Покрај оваа, во Охрид во скоро време ќе се отворат уште три пратенички канцеларии. Канцеларијата на г-ѓа Лалческа, ќе биде отворена секој работен ден а контактите со граѓаните ќе се остваруваат преку  асистентот Александра Гегиќ.

Досегашното искуство од работата на пратеничките канцеларии е позитивно, бидејќи на тој начин граѓаните ќе можат да остварат директен контакт со народните избраници.

ohridnews