Либерално-демократската партија викендов во Охрид одржа Стратешка конференција на која најави активно опозициско дејствување врз начелата на либерализмот во периодот до  следните парламентарни избори, на кои партијата има намера да настапи самостојно. За таа цел на конференцијата на ЛДП во Охрид присуствуваат експерти од фондацијата „Фридрих Науман“ и германската Либералдемократска партија истакна лидерот на ЛДП, Јован Манасијевски.


– Улогата на германските либерали и на Фондацијата Фридрих Науман е голема затоа што токму германските либерали низ изминатиот период минаа низ криза, работеа самостојно и со добра стратегија успеаја да се наметнат и повторно да станат силна и моќна политичка партија. Ние заедно со нив сме расположени тој пример да го повториме и во Република Македонија, истакна  Манасијевски.

Петер Бохман, Раководителот на проектот за ЈИЕ на Фондацијата Фридрих Ноуман, истакна за Република Македонија е важно да има силен либерален глас во народот и Парламентот.


Според експертот по политички науки на германската ЛДП, професорот Ролф Штетенмаер, Македонија треба што е можно поскоро, заедно со соседните држави, да стане полноправен член на Европската унија и на НАТО, што е неопходно за стабиноста на целиот регион и на Европа. За таа цел потребно е да се подобри економската состојба, но и правната држава, што е  предуслов за остварување на стратешките цели на земјата, посочи Штетенмаер.

Ohridnews