Македонската фудбалска репрезентација на националната арена „Филип Втори“ претрпе минимален пораз (1-0) од Либан во контролниот натпревар.
„Црвено жолтите“ против селекцијата на Либан одиграа сосема спротивен натпревар од оној со Црна Гора кога победија со убедливи 4-1.
Во играта ја немаше течноста, нападот беше безопасен, а во целото сивило се вклопи голманот Столе Димитриески кој им поклона погодок на гостинските фудбалери.
Македонските репрезентативци дури во финишот од мечот направија неколку шанси за погодок кои не ги реализираа за избегнување рака на срце незаслужениот пораз од азиската селекција.
Новиот селектор на А репрезентацијата, Игор Ангеловски во следните четири месеци кога има репрезентативна пауза ќе има време за детална анализа и исправување на грешките кои мора да се минимизираат пред почетокот на квалификациите за Мундијалот во Русија 2018 година.
Фото : Спортмедиа.мк
Мх.П.