Британскиот актер Лиам Нисон открил дека имал понуда да го игра Џејмс Бонд, но дека морал да одбие поради венчавката со Наташа Ричардсон. Во едно интервју тој раскажал дека актерката му поставила ултиматум, или таа или 007. Мора во прашање да била вистинска љубов, бидејќи Лиам Нисон ја избрал Наташа со која бил во брак 15 години, се до нејзината трагична смрт на скијање во 2009 година.

Рекол дека тоа било пред 18 или 19 години. Таа тогаш му рекла доколку го глуми Џејмс Бонд, ништо од свадбата. Тој се разбира се откажал од улогата бидејќи силно сакал да се ожени со неа. Доколку место неа ја изберел улогата, најверојатно би се појавил во филмот „Златно око“ од 1995 година. На неговото место во „кожата“ на тајниот агент влегол Пирс Броснан која Бонд го играл во уште три остварувања. Нисон, кој се прослави со улогите во филмовите „Шидлеровата листа“, „Хрониките на Нарнија“, „Војна на ѕвездите“ и „96 часа“, оваа година ќе можеме да го видиме во акционата драма “A Walk Among the Tombstones” и хумористичниот вестерн “A Milion Ways to Die in the West”.