На овогодинешниот InfoComm саем кој редовно ги собира професионалците од областа на аудиовизуелните комуникации, компанијата LG Electronics доби четири престижни награди за визуелна сигнализација од престижните магазини Commercial Integrator, Rental & Staging System, AV Technology и System Contractor News. Меѓу наградените LG производи се најдоа WS70MS-B Ultra HD LED професионалниот монитор од 84 инчи, WX50MF High Brightness професионалниот монитор од 47 инчи, WV70MS-B LED Super Narrow Bezel видео ѕидот од 55 инчи, како и EzSign телевизорот (LT560E).

Веќе трета година по ред магазинот Commercial Integrator доделува BEST награди кои имаат за цел да ги препознаат врвните производи и услуги во рамките на оваа индустрија. Меѓу добитниците на овогодинешните награди се најде и LG Widescreen Ultra HD професионалниот монитор од 84 инчи, кој се издвои од конкуренцијата благодарение на извонредниот квалитет на сликата и резолуцијата од 8 милиони пиксели која за 4 пати ја надминува стандардната Full HD резолуција.

LG Electronics исто така ја доби наградата на Rental & Staging Systems магазинот, која се доделува на најиновативните решенија во областа на комерцијалните аудиовизуелни производи. Како еден од најнапредните светски произведувачи на панели, компанијата LG Electronics посебно се истакна благодарение на IPS (In-Plane Switching) технологијата, освојувајќи ја наградата во „Best Panel Display“ категоријата за 47WX50MF професионалниот монитор од 47 инчи.

Покрај оваа награда, AV Technology магазинот го награди и WV70MS-B LED Super Narrow Bezel видео ѕидот од 55 инчи во „Best New Video Wall” категоријата за најдобро решение кое користи IPS технологија и тенки рамки во аудиовизуелната индустрија, додека магазинот System Contractor News на компанијата LG Electronics и го врачи признанието „Most Innovative Digital Signage Player Product” за EzSign TV кој овозможува корисникот со помош на едноставен и бесплатен софтвер да создава сопствена содржина благодарение на 55 фабрички шаблони.

Сите LG LED професионални монитори ги исполнуваат ENERGY STAR® условите и се направени така за да ги задоволат највисоките еколошки стандарди.

OhridNews