Успорувачите на брзина, во народот познати како „лежечки полицајци“, се враќаат во функција. Откако пред десетина дена беа извадени поради одржувањето на Самитот на претседатели, денеска тие повторно беа монтирани на бул. „Туристичка“. Тие се поставени на најфрекфентните делови каде најчесто поминуваат основцитете од „Григор Прличев“ и „Братство и Единство“. Успорувачите на брзина времено беа демонтирани од безбедносни причини за да се овозможи непречено движење на делегациите.



„Лежечките полицајци“ повторно на должност

ohridnews