Швеѓанките Сандра (19) и Сара (18) се венчале со хиндуистички ритуал недалеку од Таџ Махал, споменикот на вечната љубов, крај градот Агре во Индија.
Бидејќи во Индија хомосексуалноста е забранета, верскиот достојник на храмот Махадева Шива одбил да го изврши ритуалот, но девојките му ветиле дека засекогаш ќе бидат негови следбенички и му подариле неколку подароци.
Омекнал бидејќи бил импресиониран од нивната љубов. Таџ Махал е последното почивалиште на Мумтаз Махал, сопруга на могулскиот цар Шаха Јахан, кој владеел во 17 век. Неговата сакана сопруга умрела за време на пораѓајот на четиринаесеттото дете. За спомен на вечната љубов ја изградил за неа најубавата гробница на светот.