Неофицијално деби во охридскиот дрес имаше најновата аквизиција Милан Левов. Десниот бек одигра околу половина час во победата над Прилеп (31-20) погодувајќи ја три пати противничката мрежа.


– Одлично помина првиот натпревар во дресот на Охрид. Одигравме солиден меч против силен состав каков што е Прилеп и се надевам дека ќе продолжиме во исти ритам и во натпреварите од Супер лигата. – рече Милан Левов.

Повредата на коленото која го оддалечи од теренот година и пол е минато за повремениот македонски репрезентативец.


– Немам болки и конечно можам да кажам дека повредата е минато за мене. Не сакам да мислам на тоа што ми се случи претходно и целосно сум фокусиран на Охрид. Пред нас стои голем предизвик, кој секако дека сите играчи ќе го прифатиме со две раце. – заврши Левов.

Возбудувањата во Супер лигата продолжуваат за две седмици, а охридскиот состав му гостува на Тинекс Пролет.

Мх.П.