Грузискиот репрезентативен бек е новото име во составот на гладијаторите. 27 годишниот лев бек (195 cm и 95кг) во Охрид доаѓа од екипата на Кокс, Финска.

Пресреќен сум што се враќам во Македонија, ова е земја на ракометот и задоволство ми е што ќе играм тука. Охрид има одличен тим и проект и чест ќе ми е да сум дел од него. Се надевам следната сезона ќе ни биде успешна и заедно со нашите фанови ќе славиме многу победи, изјави Теимураз.

Претходно настапувал во Романија и Унгарија, како и во македонското првенство во Еурофарм Пелистер и Прилеп. Со своите одлични настапи и помогна на Грузија за првпат да се најде на европското првенство во 2024та година.

OhridNews