Партијата Левица реагира на бавното оидвивање на градежните работи за реконструкцијата на дворот на охридската Гимназија, за што од буџетот на локалната самоуправа се издвоени над триста илјади евра.

Охридската гимназија останува сѐ уште со раскопан двор непосредно пред почетокот на второто полугодие поради неажурноста на локалната власт и изведувачот на работите фирма сопственост на Нефи Усеини поранешен советник и преседател на огранокот од ДУИ во Охрид. За уредувањето на дворот се трошат 233.271 евра. Реконструкцијата на гимназијата започна на 29.04.2023 започнувајќи со оградата која се постави во дворот, за цена од 81.287 евра исто така преку фирмата на Нефи Усеини, до што уште еднаш се докажува скриената коалиција помеѓу ДПМНЕ и ДУИ во Советот на Општина Охрид. После тоа се премина на раскопување на дворот и се поставуваше водоводната и канализационата линија и до ден-денес остана дворот раскопан, стои во соопштението на Левица.

Партијата ги повика надлежните да ги забрзаат активностите за реконструкцијата на Гимназијата бидејќи, како што се наведува, раскопаниот двор претставува опасност за учениците и минувачите.

OhridNews