На брегот на Охридското Езеро продолжуваат градежни активности кои се одвиваст спротивно на законот и интересите на граѓаните, а во интерес на локални моќници, обвинува политичката партија Левица.
Охридското езеро, градот Охрид и статусот за заштита на УНЕСКО, денес се загрозени повеќе од било кога, а урбаната мафија продолжува да ужива во нивните можности за напредок на бизнисите и остварување на поголем капитал за време на летната сезона, а инспекторите вклучени во организираната корупцијаат уживаат во комфорна зона во нивните удобни фотелји, стои во реакцијата на Левица.
Партијатa бара од надлежните институции, да се произнесат за градежните активности во месноста Застава и да информираат дали и што се презема во врска со посочениот случај.
Пред неколку месеци Политичката партија Левица реагираше за градежни зафати на самиот езерески брег кај Канео за што и поднесе Иницијата за вршење вонреден инспекциски надзор. Од службата доби одговор дека се гради од „непознат сторител“. Овие денови сме сведоци дека и пред плажата пред Хотел Аквалина „непознати инвеститори“ го прошируваат брегот, се вели во реакцијата на Левица.
Доколку не биде соодветно постапено, од Левица најавија дека ќе побараат одговорност од надлежните во локалната самоуправа и инспекторатот.
OhridNews
Фото: Левица