Податоците од извршените континуирани мерења на квалитетот на амбиенталниот воздух покажуваат високо загадување. Алармите одамна се вклучени, но властите немаат слух да ги реализираат предизборните ветувања, обвинува Левица.
- Мерката 1:5 – за секое исечено дрво да се засадат пет нови дрва во рок од 5 дена.
- Мерката – Обезбедување на нова локација за депонирање и обработка на градежен шут што се наоѓа во индустриската зона Мауцкер
- Мерката – Обезбедување на проектна документација за поставување на фотоволтаични панели наменети за ридско-планинските места коишто не можат да бидат искористени за други намени.
Урбаната мафија преку неконтролираното градење уништуваат зелени појаси за сметка на сопствени интереси а цената ја плаќаме сите ни, велат од Левица.
Партијата посочува оти ВМРО ДПМНЕ и градоначалникот предизборно на охриѓани им ветиле заштита од климатските промени и животната средина, но според Левица тоа не било исполнето.
OhridNews