Продолжуваат градежните активности на езерскиот брег кај Канео, реагираат од Левица Охрид. Потсетуваат дека поради узурпација на плажата спротивно на препораките на УНЕСКО на 2 јануари имаат поднесено иницијатива за вршење вонреден инспекциски надзор.
Градежната инспекција излезе на терен и изврши увид, по што инспекторот констатира дека узурпацијата на езерскиот брег кај Канео се врши од ,,непознат” сторител, велат.
Воедно прашуваат „Дали ,,непознатиот” сторител го узурпира просторот со цел да си уреди плажа за престојната туристичка сезона, а надлежните молчат како и секогаш до сега?“.
OhridNews