Иницијатива за бесплатен автобуски превоз на пензионерите во градот Охрид поднесе денес членот на Советот на Општина Охрид од Левица – Виолета Аврамоска.
Економската состојба во Република Македонијa и во Охрид, придонесе видно да се влоши финансиската состојба на пензионерите. Со малите пензии одвај преживуваат и се без услови за пристоен живот. Бесплатниот автобуски превоз во голема мера би им го олеснил нивниот живот и би ги намалил нивните секојдневни давачки. Оваа иницијатива ја поднесувам по барање на поголема група пензионери од Охрид” – стои во образложението поднесено од советничката од Левица – Охрид.
OhridNews