Левица – Охрид поднесе Иницијатива за организирање летни школи за изучување на традиционални охридски занаети.
Сметам дека во изминативе три децении многу традиционални охридски занаети се изумрени и заборавени, па добро би било да ги оживееме со тоа што кај младите ќе го поттикнеме интересот за нивно изучување. Пример, отворање на летна резбарска школа, која во минатото беше и дел од формалното образование, кога со заинтересираните работеа познати охридски резбари, стои во образложението поднесено од советничката Виолета Аврамоска во Советот на Општина Охрид.
Иницијативата е поднесен денес до претседателот на Советот на Општина Охрид.
OhridNews