Левица Охрид поднесе барање до Санитарната инспекција за вонреден инспекциски надзор во охридската Гимназија.
Како што посочуваат причината за тоа е што второто полугодие за гимназијалците започнало во несоодветни и неподносливи услови за изведување на наставата, додавајќи дека реновирањето требало да биде завршено за време на летниот распуст, а не истото да се реализира среде учебна година.
Деновиве наставата во гимназијата се одвива во неподнослива бучава, а учениците и наставниот кадар се гушат и дават во прашина, реагираат.
Додаваат дека според нивните сознанија инспекцијата излегла на терен.
OhridNews