Министерството за образование и Општина Охрид да ја довршат реконструкцијата на државното средно угостителско училиште „Ванчо Питошески“ во Охрид, бара политичката партија Левица. Во дописот до медиумите се посочува дека иако неодамна Општина Охрид и Министерството за образование и наука се пофалиле со целосно реновирање и реконструкција на училиштето за што претходната влада од буџетот издвои 108.013.319 денари или 1,7 милиони евра, градежните работи церлосно не се завршени.
Група граѓани до Левица Охрид испратија фотографии од реновираното училиште, на кои се гледа дека реновирањето и реконструкцијата се’ уште не се завршени. Левица – Охрид бара од Министерството за образование под итно фирмата изведувач да ги доврши градежните активности, за кои кеширала 1,7 милиони евра, велат од Левица.
Од партијата уште додаваат дека работите треба да се изведуваат квалитетно и совесно, а парите на граѓаните да се трошат домаќински.
OhridNews