Капитенот на македонската футсал репрезентација Зоран Левески го одигра јубилејниот 100-ти натпревар во селекцијата.


Охриѓанецот јубилејот во А репрезентацијата го круниса со погодок, а Македонија ремизираше против Молдавија играјќи 3-3.

Левески покрај активното играње во селекцијата е и селектор на младинската репрезентација и во клубот Железарец.

Македонската футсал репрезентација е дел од Купот на четирите нации, кој се игра во Тиши, Полска.

Мх.П.