Македонската репрезентација во Футсал вечерва го игра клучниот натпревар од квалификациите за СП 2012 во Тајланд. “Црвено жолтите“ во втората рунда ја торпедираа Швајцарија со 10-2 додека “петлите“ во трилер меч обезбедија триумф над Црна Гора од 4-3.


 – “Убедливата победа против Швајцарија ни дава дополнителен мотив за да пружиме нова квалитетна партија против Франција. Ќе биде тежок натпревар но ние сме подготвени за победа која ќе не одведе во елитните квалификации“ – вели капитенот на нашата репрезентација Зоран Левески.

Во пресотаниот дуел од групата ќе се сретнат Швајцарија – Црна Гора. Натпреварот “да се биде или не“ закажан е за 19 часот.

Мх.П.