Со погодокот на деведесет секунди од крајот на мечот Зоран Левески донесе триумф 2-1 за Македонија на пријателскиот натпревар со Грузија.


„Црвено жолтите“ во вториот контролен натпревар не одиграа фуриозно како во првиот кога победија со 9-4, но сепак стигнаа до победата.

Гостите пред Левески да го постигне решавачкиот погодок ја анулираа предноста која ја донесе Ранготов.

За футсал репрезентативците дуелите со Грузија беа генерална проба пред квалификациите за Европското првенство во Србија.

Мх.П.