Охриѓанецот Зоран Левески е добитник на наградата најдобар фудбалер во Футсал за 2011 година. Фудбалската федерација на Македонија денеска ги објави резултатите по одржаната седницата Управниот одбор. 

Наградата најдобар странски презентер на македонскиот фудбал му припадна на Иван Тричковски кој настапува во кипарски АПОЕЛ. Епитетот најдобар фудбалер за 2011 година во Македонија го доби екс фудбалерот на Шкендија, Ферхан Хасани а признанието најдобар стрелец замина во рацете на Баже Илојоски од Металург.


Тетовска Шкендија која за прв пат го освои македонскиот шампионат е прогласена за најдобра екипа а фер плеј наградата им припадна на Силекс. Дарко Велкоски од Работнички е најдобар фудбалер во младинскиот погон а кај тренерите за најдобар е прогласен Ќатип Османи водејќи ја Шкендија до тронот. 
Интернационалниот арбитар Александар Ставрев е “прва свирка“ кај судиите, ФФМ посебно признание му додели на битолчанецот Љубомир Крстевски. 
Во женската конкуренција за најдобра екипа е прогласена ЖФК Наше Такси, а најдобра фудбалерка е Гејтана Рочи. 
Фудбалер кој најдобро го презентирал македонскиот фудбал во странство за 2011: Иван Тричковски – ФК АПОЕЛ
 
Најдобар фудбалер во Прва македонска фудбалска лига за 2011: Ферхан Хасани – ФК Шкендија
 
Најдобар фудбалски клуб за 2011: ФК Шкендија Тетово
 
Фер Плеј екипа за 2011: ФК Силекс Кратово
 
Најдобар стрелец за 2011: Баже Илијоски – ФК Металург
 
Најдобар фудбалски тренер за 2011: Ќатип Османи
 
Најдобар фудбалски судија за 2011: Александар Ставрев
 
Посебно признание за придонес во фудбалот: 50 години во спортското новинарство – Миодраг Мицковиќ
 
Најдобар фудбалски работник за 2011: Благој Истатов
 
Посебно признание за посебен во фудбалското судење во РМ за 2011: Љубомир Крстевски
 
Најдобра екипа во младинските категории за 2011: ФК Ренова
 
Најперспективен младински фудбалер за 2011: Дарко Велковски – ФК Работнички
 
Најдобар клуб во женски фудбал за 2011: ЖФК Наше Такси.
Најдобра фудбалерка за 2011: Гентјана Рочи
 
Најдобар клуб во футсал за 2011: КМФ Железарец
 
Најдобар фудбалер во футсал за 2011: Левески Зоран.
Мх.П.