По повод одбележување на патрониот празник „11-ти Ноември“, Основото училиште „Дебрца“ од Белчишта заедно со професорите по физичка култура Наум Јанкуловски, Љупчо Ѓуроски и Дивна Бутеска и Општина Дебрца на чело со градоначалникот Игор Трајкоски организираа крос трка во трчање.
На традиционалниот крос, кој секоја година се одржува по повод патранатот на училиштето учествуваа повеќе од педесет деца од сите подрачни училишта, а се натпреваруваа во две групи момчиња и девојки.
Патеката долга 1 800 метри кај дамите прва ја истрча Росана Сиљаноска од Лешани. Второпласирана заврши Александра Калушеска,а трета финишираше Емилија Наумоска. Кај момчињата првото место го освои Дамјан Левески од Белчишта додека на втората и третата позоција се пласираа Валентин Петрески односно Стојан Дукоски.
На најдобрите им беа врачени медали кои им ги додели секретарот на Општина Дебарца, Илија Дуклески и благодарници од страна на директорот на училиштето Иван Димоски.
Ohridnews