Македонската футсал репрезентација обезбеди пласман во финалето на турнирот, кој се одржува во Скопје.


Во полуфиналето „црвено жолтите“ со 5-4 ја совладаа Финска додека вториот финалист Шпанија со убедливи 11-1 триумфираше против Турција.

Охриѓанецот Зоран Левески, кој е и капитен на селекцијата учествуваше со еден погодок во трилер победата, која значеше пласман во финалето.


Финалето се игра вторник во 21:30 часот, а претходно на програмата е малото финале.

Фото : Спортмедиа.мк
Мх.П.