Охриѓанецот Зоран Левески и Ал Садака го освоија третото место во азиската Лига на шампиони во футсал.


Либанскиот првак во малото финале беше поуспешен од домашниот Ал Рајан со 4-3 на пенали. Во регуларниот дел мечот заврши 3-3, додека во продолженијата по еднаш се тресеа мрежите на двете екипи (4-4), а победник повторно немаше.

Победникот го одлучија пеналите, во кои посреќен беше тимот на охриѓанецот, Ал Садака.

Во финалето од Лигата на Шампиони играат иранскиот Схаид Менсур и тимот кој го запре Левески во полуфиналето јапонскиот Нагоја.

М.П.