Фудбалерите на Баерн Минхен останаа со празни раце на гостувањето на „Бај Арената“ претрпувајќи пораз од Баер Леверкузен (3-1) во дербито од 20-та рунда во германската Бундес лига.

„Фармцавтите“ до трите бодови стигнаа со маестрална игра во второто полувреме во кое успеаја да ја надополнат негативата од првиот дел. Водството на „баварците“ кое го стекнаа со погодокот на Леон Горецка го анулираше Леон Бејли. Прва предност за домаќините донесе кеви Воланд, а победата ја запечати Лукас Аларио.

Поразот на Баерн Минхен не го искористи лидерот на табелата Борусија Дортмунд кој освои бод на гостување во Франкфурт ремизирајќи со Ајнтрахт 1-1. „Милионерите“ поведоа со погодокот на Марко Ројс, а егал и бод за домаќините донесе Лука Јовиќ.

Резултати: Нирнберг – Вердер Бремен 1-1, Баер Леверкузен – Баерн Минхен 3-1, Ајнтрахт Франкфурт – Борусија Дортмунд 1-1, Херта – Волфсбург 0-1, Хофенхајм – Фортуна Дизелдорф 1-1, Шалке – Борусија Менхенгладбах 18:30 часот.

Табела: Борусија Дортмунд 49, Баерн Минхен 42, Борусија Менхенгладбах 39 (-1), Лајпциг 37…

OhridNews