Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски е прогласен за најдобар играч на синоќешниот дуел за купот на „Жоан Гампер“ против мексиканскиот Пумас.

Каталонците победија со 6:0, а 33-годишниот Полјак постигна гол и две асистенции.

Барселона за трансферот на Левандовски од Баерн Минхен плати 45 милиони евра. Исто така, како бонуси може да се исплатат уште пет милиони евра.

Трофејот „Жоан Гампер“ првпат се додели во 1966 година на иницијатива на тогашниот претседател на Барселона, Енрике Лоде. Трофејот го доби името по легендарниот основач на Барселона, Жоан Гампер.

OhridNews