Фудбалската сезона во Германија заврши со апсолутна доминација на Баерн Минхен. „Баварците“ освоија дупла круна, триумфирајќи во Бундес литата и Купот на Германија.

Најдобар играч во редовите од Баерн Минхен беше полскиот голгетер Роберт Левандовски и токму тој се закити со награда фудбалер на сезоната во Германија. Во изборот од фудбалерите Левандовски освои 40% од гласовите. Во ТОП 3 место има за Жадон Санчо односно Џошуа Кимих.

Идеалниот тим во Бундес лигата изобилува со фудбалери од Баерн Минхен и Борусија Дортмунд. Двете екипи имаат вкупно осум фудбалери.

Тимот на сезоната: Нојер, Хумелс, Алаба, Хакими, Дејвис, Санчо, Кимих, Хаверц, Левандовски, Халанд, Вернер.

OhridNews