Малата самоанска авиокомпанија, Самоа Еир, најавила воведување на „XL“ класа за покрупните патници, која ќе вклучува проширени редови и специјални рампи кои на патниците ќе им помагаат да дојдат до своите седишта. Оваа компанија е позната и по тоа што минтата година станала прва авиокомпанија на светот која им наплаќа на патниците карти на основа на нивната тежина, наместо фиксна цена за седиште.

Извршниот директор Крис Лангтон рекол дека новите мерки се покажале како успешни и дека компанијата сега сака да воведе нови услуги, како патниците потешки од 130 килограми би можеле да патуваат поудобно. Ленгтон рекол дека кога веќе имаме различни големини на облека и други предмети, зошто не би имале и во авиоиндустријата.