Летото во “Cuba Libre” продолжува со уште еден, исклучително квалитетн културен настан. На најпознатата плажа на охридската ривиера во понеделник, 7-ми септември, гостува „Џез Сценарио“ – формација на Биг бенд со минимален состав на професионални изведувачи инструменталисти.

„Џез Сценарио“ се формирани во 2012 год, а како негов лидер и композитор се истакнува Вангел Мажевски. Бендот изведува преработки на џез музика, но исто така во програма вклучува и изведби на дела коишто се познати во музичката поп култура. 

Концертот на „Џез Сценарио“ на плажата “Cuba Libre”, кој е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија започнува во 22 часот.

Влезот е слободен.

OhridNews