Точно во 7.45 часот по средноевропско време на северната Земјина полутопка започна летото.  Во исто време, на јужната хемисфера почна зимата.


Календарски летото почна

Првиот ден од летото е најдолгиот ден во годината -долгодневница и ќе трае 15 часа и 14 минути. Летото завршува на 22 септември.

Деновиве дожд и опаѓање на температурите

Нашата земја се наоѓа под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, која во наредните денови ќе донесе уште дожд. Вчера во Охрид наврнале 4 литри на метар кавадратен.

Нестабилното време ќе биде проследено со ветер и грмежи,а температурите ќе бидат во постојано опаѓање. Најсвежо ќе биде во среда за кога се предвидува максималната дневна температура да достигне 25 степени. Минималната температура ќе се спушти на невообичаено ниски 7 степени.

Со опаѓање на температурите ќе опадне и УВ индексот на степен 5.


Ohridnews