Министерот за надворешни работи на Република Летонија, Марис Риекстинс, кој престојува во официјална посета на нашата земја, денеска во Охрид ќе се сретне со шефот на македонската дипломатија, Антонио Милошоски.

Средбата ќе се одржи во вилата на Владата во комплексот Горица, по што двајцата министри ќе  дадат изјави за медиумите.

Од Охрид Милошоски и Риекстинс ќе отпатуваат за Штип каде во работа свeчено ќе биде пуштен почесниот конзулат на Летонија во Македонија.

ohridnews