Тенисерите од охридскиот клуб имаат лето исполнето со многу натпревари во нашата земја и странство збогатени со забележителни успеси и резултати. Охриѓани жнеат трофеи на сите страни што ги потврдува квалитетот на охридската тениска школа.
Јуниорите покрај во својата возрасна категорија до 12 години настапуваат и во возрасната категорија до 14 години за што подобри натпревари и поквалитетни противници. Охридските тенисери со ваквите мечеви акумулираат големо искуство и база за поголеми успеси подоцна кога ќе ја стигнат истата возрасна категорија.
Ана Стојановска и Мина Петреска како дел од македонската тениска репрезентација учествуваа на турнири организирани од Tennis Europe која е најголема регионална организација, под меѓународната тениска федерација (ИТФ). Стојановска и Петреска имаа можност да се натпреваруваа со врснички од Србија, Црна Гора, Албанија, Грција и Бугарија.
Добрата форма и квалитетот на дело охридските тенисери го покажаа на домашен терен во Охрид. Првите четири девојчиња во женска конкуренција доаѓаа од охридскиот клуб. Ана Стојановска победи а по нејзе следуваа Мина Петреска и Матеа Билбилоска. На истиот турнир Павел Стевковски се закити со сребрен медал. На турнирот во Прилеп, Стојановска стигна до првото место на пиедесталот а а место таму имаше и за Ива Кецкарова која се искачи на третатата позиција.
Кога ќе се сумира се може да се заклучи дека охриѓани се претставиле во добро светло и дека ги очекува возбудлива сезона во националниот шампионат.
OhridNews