МВР викендов ја промовираше кампањата “Лето без пожари“. Целта на овој проект е да се подигне свеста на граѓаните за можноста од пожари во овој период од годината и за ненадоместливата штета, која како последица би можела да  настане.


МВР информираше дека во текот на 2008 и изминатиот период од оваа година биле евидентирани три случаи на предизвикување шумски пожар, за што кривично се пријавени  тројца сторители. Поднесени се и 13 кривични пријави против 22 сторители за 13 сторени кривични дела  “предизвикување општа опасност”. Во 10 случаи е предизвикан пожар на шуми сопственост на јавни претпријатиа, а во три случаи се работи за шуми сопственост на приватни лица. Пожарите во 11 случаи се предизвикани со подметнување на оган (кибрит, запалка, и искра од елетрични апарати) , додека во два случаи од фрлен отпушок од цигари, соопшти МВР.

Ohridnews