Туристичките потенцијали градот Охрид ги претстави на манифестацијата „Лето 2009“ што за прв пат синоќа се одржа кај Билјанините извори.
На повеќе штандови повеќе хотели, угостителски објекти, занаетчии, институции и компании ја претставија својата понуда. Беа изложени и голем број автентични производи, а сето тоа беше проследено со староградска музика во прекрасниот амбиент на Билјанините извори за кои е поврзана една од најинтересните приказни, односно легенди за Охрид.
– Туристичката сезона е веќе е почната, а со оваа манифестација „Лето 2009“ сакаме пред туристите да ја претставиме понудата на регионот, истакна градоначалникот Александар Петрески.
Петрески изрази надеж дека оваа манифестација ќе стане традиционална и ќе се надополнува со нови содржини, се во функција на промиција на традиционалните вредности и природните убавини на Охрид и соседните општини.
На манифестацијата присуствуваа министерот за животна средина Неџат Јакупи, евроамбасадорот Ерван Фуере, познати личности од јавниот и политичкиот живот, туристи и голем број граѓани.
„Лето 2009“ нов промотор на Охрид
фото: Васко Бујароски