Првото Летно кино со автомобили во Охрид, беше отворено синоќа, со комплетна програма за посетителите. После одличното загревање со музички сет што ни го приреди DJ Jana Slay, беше прикажан филмот „The Little Gangster“ под отвореното ѕвездено небо.

Посетителите, раскомотени во своите автомобили, се запознаа со приказната за малиот Рик уживајќи во своите пуканки.

Вечерва (15.08.) ќе биде проектиран македонскиот филм „Панкот не е мртов“, а организаторите ветуваат уште една ноќ за паметење!

Летно кино со автомобили во Охрид под ѕвездено небо

OhridNews
Фото: Анастасија Стојаноска/Петар Ристески