Летниот шешир е незаменлив моден додаток за време на високите температури. Во летните месеци сончевите зраци се појаки поради што ни е потребна подобра заштита, особено на косата и главата.
Заштитата од УВ зраците потребна ни е поради тоа што тие имаат јака енергија и допираат длабоко во нашата кожа и организам. Предизвикуваат алергии, опекотини, а доаѓа и до пигментација на кожата. Оштетувањето предизвикува брзо стареење и опуштање на кожата. Можно е слабеење на имунитетот и дехидрација поради недостаток на течности во телото.
Предолг престој на јако сонце може да резултира со добивање на сончаница. Тоа е сериозна состојба, но во поголем број на случаи не предизвикува поголеми и посериозни компликации. Кај сончаницата се јавува нагло сушење на кожата, зголемена телесна температура, главоболка, мачнина и вртоглавица. Ако овие симптоми се занемарат, може да дојде до несвестица, кома или смрт.
На сите жени им се допаѓа темен тен и сите би сакале да го имаат. Непосредно пред море, одат во солариум или користат креми за самопотемнување. Тоа е добро за заштита на нашата кожа од силното сонце бидејќи разликата нема да биде нагла и преголема.
Сепак не смее да се претерува, бидејќи и вештачките сончеви зраци од солариумот може да и наштетат на кожата. Кожата ја штитиме со заштитни креми за сончање, а што е со нашите коса и скалп? Идеално решение се летните шешири.
Лесно е да ги ускладите со сите модни комбинации, практични се и одговараат на сите жени и возрасти. Видот и моделот на шешир кој ќе го изберете за себе зависи исклучиво од вашиот вкус. Ако сакате едноставност, за вас се еднобојните шешири за плажа.
Шеширте се произведуваат во сите бои, а ова лето се во мода пастелните (зелена, жолта, боја на лаванда) и енергични бои како црвената, виолетовата или темно розева. За да изгледате елегантно дури и на плажа, бирајте модели со цветови.
Нив највеќе им одговараат неутралните и светли нијанси, па ги бираат жените со светол тен и коса. На темна коса светлите шешири ќе изгледаат пренападно. Доколку не сте обожавател на шеширите, треба да знаете дека нивната функција за заштита од сончевите зраци може да ја преземат траките за коса.
извор:savjetnica.com