Најдобрите ученици од општинските и државните училишни првенства ова лето ќе имаат можност да престојуваат во летните спортски училишни кампови заедно со значајни спортски имиња.

Училишни спортски кампови се одржуваат во Дојран и Охрид, како награда за најдобрите ученици а на нив ќе учествуваат вкупно 200 ученици.

Ова е проект на Министерството за образование и наука, Агенцијата за млади и спорт и Федерацијата за училишен спорт што се очекува да придонесе за развојот и популаризација на училишниот спорт.


 „Сите ние бевме максимално посветени кон развојот на физичкото образование и активното занимавање со спорт на учениците од средните и основните училишта, како еден од предусловите за правилно насочување и развивање на младите личности. Оваа година бевме максимално посветени на физичкото образование и активното занимавање со спорт на учениците од средни основни училишта како еден од предусловите за развивање на младите. Токму затоа, оваа година на општинските и државните првенства во училишен спорт беа вклучени 40 илјади на ученици што претставува значително зголемување во однос на минатата година “ рече  Диме Спасов директор на Агенцијата за млади и спорт.

Учениците ќе ги тренираат значајни спортски имиња како што се Зоран Бошковски, Марин Докузовски, Пепи Манасков, Индира Кастратовиќ, Јошко Миленковски и Жарко Ристевски.

“Извор Макфакс“
Ohridnews