Премногу шминка на плажа или базен изгледа погрешно. Секое средство кое ќе го икористите мора да е светло и ретко.

1.Заштитете ја вашата кожа: Пред да ставите каква било шминка препорачливо е да се нанесе тенок слој на млеко за сончање и да се остави 20 минути да се впие.

2.Не се надевајте на шминка без грешка: Кога времето е влажно се што ќе нанесете лесно се размачкува. Ако не можете да замислите излегување без шминка пробајте да измешате малку пудра со млеко за сончање и нанесете ја на тој начин.

3. Бронзена шминка: Секоја шминка која ќе ја нанесете треба да ја подобри природната боја на кожата. Одберете бронзена сенка која што изгледа како природен тен, и бидете сигурни дека тоа нема да се познава доколку излезете на сонце.

4.Направете шминката да се задржи на вашето лице:
Повеќето водоотпорни шминки се како лепило и не изгледаат убаво на лицето. Но, водоотпорната маскара е исклучок од тоа. Исто така во лето нанесувајте кармин наместо сјај за усни во светли бои.

5.Избегнувајте допирање: Општо правило е дека треба да нанесете шминка пред да излезете од дома. Плажата не е место каде што треба да ја обновите шминката,па доколку шминката ви се размачка доволно е само да тапкате по лицето со марамица.

OhridNews