Најтрофејниот македонски кошаркарски клуб ќе продолжи со практиката своите играчки потенцијали да ги усовршува на брегот на Охридското Езеро.
Главен координатор и тренер на кампот е Марин Докузовски, актуелниот шеф на стручниот штаб на Фершпед Работнички, а во улога на негови асистенти ќе бидат Марјан Србиновски, Нино Миленковиќ, Зоран Николов и Бојан Несторовски.
Освен тоа, учесниците на кампот ќе имаат можност да работат и со нашите познати и репрезентативни имиња како Врбица Стефанов, Ѓорѓи Чековски, Димитар Мираковски, Огнен Стојановски и други.