Летната облека најчесто не излудува кога одиме да ја купуваме, но постои едно парче кое секогаш можете да го купите, а нема да погрешите-бел фустан. Тоа може да биде долг, краток и широк, едноставен и тесен модел, а со сандали кои одговараат и ефектно парче накит, белиот фустан лесно се трансформира од дневен во елегантен вечерен изглед.

Белата боја сепак треба да знаете да ја носите поради што е потребно внимателно да се бира кројот и стилот кој највеќе ви одговара. Каков модел на фустан ќе изберете,
првенствено зависи од градбата на телото, но не е лошо малку да се нагласи половината без оглед на обликот на телото, бидејќи така ќе изгледате попропорционално.

Едноставните кроеви, особено кратките, бараат долги прави нозе. Фустаните со ракави се идеални за оние кои сакаат да ги прекријат рацете додека оние кои ја истакнуваат половината и се шират во долниот дел одговараат речиси на сите.

Какви обувки да се носат на бел фустан? За почеток нека не бидат во црна боја. Избегнувајте и бели, бидејќи ќе потсетувате на невеста.

Најдобар избор се оние со металик сјај или со боја на коњак кои одлично се согласуваат со летното бело издание и ефектно парче накит, особено со детали од тиркиз. Бели фустанчиња во поопуштени изданија може да носите и на платнени или бели кожни патики што е ин оваа сезона.

извор:metro-portal.hr