Што е најдобро да јадете во текот на летото за да можете непречено да уживате во топлите денови со корисни ефекти врз здравјето?

Летната храна е одлична прилика за детоксикација и освежување на телото со плодовите од природата, но притоа сепак треба да се биде внимателен.

Изобилството од овошје и зеленчук даваат широка можност за составување на летното мени бидејќи на нашиот организам на лето му треба полесна храна. Сите рецепти од медитеранската кујна се прифатливи со одредена претпазливост.

 

Рибата како исклучително здрава храна може да биде јак алерген кај пречувствителните деца. Затоа немојте да давате риба на вашето малечко ако е помало од 10 месеци, а сособено ако има промени на кожата кои ги нарекуваме атопичен дерматит.

Школките не се храна за деца и поради можност од инфекции. Кремовите и овошните салати кои не се домашно припремени треба да ги избегнуваме, а на децата омилениот сладолед го препорачуваме ако е индустриски произведен и контролиран.

 

извор:metro-portal.hr