Успешен настап на охридските стрелци викендов во Прилеп на купот во гаѓање со воздушна пушка за пионери и пионерки-национална програма.
 
Вистинска берба на медали за стреците од СК “Охрид“ кои го освоија 1-во место во пионерската  екипна конкуренција :

Апостолоски Бобан погоди 183 круга, Блажески Мики 165 круга, додека Гоџоски Мартин 164 круга или вкупни од 512 круга.


Во поединечна конкуренција првото место му припадна на Апостолоски Бобан кој постигна нов државен рекорд. Трет заврши Блажески Мики додека четврти Гоџоски Мартин.

Првото место го освоија и пионерките кои настапија во состав : Балабан Нина 174 круга, Гоџоска Верица 173 круга и Нестороска Емилија 144 круга или вкупни 491 круг.

Поединечно Балабан Нина се пласира на второто место, а Гоџоска Верица на третото место. 

На стрелците им беа доделени медали и признанија а до крајот на ова сезона за нив останува уште државното првенство што  ќе се одржи на 20. Јуни во Охрид .

ohridnews