Екипата на летна бавча  „Канео“  е победник на  игри на вода „ИГРИ БЕЗ ГРАНИЦИ – Волино 2008“


На финалниот натпревар кој се одржа на вчера се натпреваруваа екипите „Палестинци“ од с. Волино, „АМАК СП БОФОР“ и летна бавча „Канео“ од Охрид. Екипите се натпреваруваа во 5-те игри кои се играа и во квалификационите натпревари, во кои апсолутен победник беше екипата на ,„Канео“. Таа победи  со 210 поени, на второто место се пласира екипата на ,,АМАК СП БОФОР,, со 145 поени, а на третото место се пласира екипата ,,Палестинци“.


Иако игрите имаа забавно рекреативен карактер, за сите екипи беа обезбедени пехари, дипломи и симболични награди.


Летните игри кои се одржаа на базенот „Aquq Blue“ во Волино ги организаираше Младински Совет Охрид, во рамки на пограмата за развој на рекреативниот спорт, а истите ба поддржани од повеќе локални спонзори.

ohridnews